• сабота, 21 февруари 2026

Неготинец измамен за четири илјади евра 

Неготинец измамен за четири илјади евра 

Неготино, 20 февруари 2026 (МИА) - Неготинец бил измамен за четири илјади евра, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 12:30 часот во ОВР - Неготино, 76-годишен неготинец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 4000 евра. Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот да му даде 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, а за да му докаже дека еврото е валидна валута во земјава. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а лицето му дало чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се врати. Откако, оштетениот ја отворил чантата сфатил дека е измамен, појаснија од СВР - Велес.

Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан